(Видео) Дебакл на Аталанта – Парма го декласира тимот на Елмас среде Бергамо

(Видео) Дебакл на Аталанта – Парма го декласира тимот на Елмас среде Бергамо

пред 3 часа

Аталанта доживеа дебакл во 10. коло од италијанската Серија А. Екипата на Маурицио Сари загуби со 0:3 на домашен терен од Парма и продолжи со серијата лоши резултати.

Гостите остварија убедлива победа со головите на Џовани Фабијано и Симоне Лонтани и автоголот на Давиде Запакоста.

Парма поведе во 14. минута, кога Фабијан ја затресе мрежата на домашниот тим. Аталанта не успеа да се врати во игра, а на почетокот на второто полувреме доживеа уште еден удар. Запакоста постигна автогол во 47. минута и го зголеми водството на гостите на 0:2. Целосниот потоп на домаќините се случи во 58. минута, кога Лонтани постигна гол за конечни 0:3.

Овој пораз дополнително ја продлабочи кризата на Аталанта, која во претходните четири средби во сите натпреварувања забележа два нерешени резултати и два порази. Екипата од Бергамо остана на 11 бода по десет кола.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, играше од 62-та минута. Доби шанса од тренерот кога натпреварот беше решен.

Фактот дека Аталанта беше убедливо поразена од Парма, која пред оваа средба го имаше најлошиот напад во Серија А, со само пет постигнати гола во девет кола, е особено тежок удар. Екипата на Алберто Џилардино пристигна во Бергамо по шест последователни порази на гостински терен, но таа серија ја заврши со убедлива победа.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top