(Видео) Денвер и Минесота победија пред меѓусебниот дуел за првото место на Западот

(Видео) Денвер и Минесота победија пред меѓусебниот дуел за првото место на Западот

пред 3 недели

Денвер Нагетс и Минесота Тимбервулвс забележаа победи пред меѓусебниот дуел (12.април 4 часот), кој веројатно ќе реши која екипа ќе го освои првото место во Западната конференција.

Актуелните шампиони Денвер Нагетс, гостуваа во Солт Лејк Сити. Без проблем ги победија Јута Џез 111:95.

Никола Јокиќ забележа 28 поени, 13 скокови и седум асистенции. Ист број на поени со два скока, по четири асистенции и украдени топки и три блокади иамше Џамал Мареј, кој се врати во тимот откако ги пропушти претходните седум натпревари.

Минесота на домашен терен надополни негатива од 21 поен и на крајот ги победи Вашингтон Визардс со 130:121. Ентони Едвардс со рекордни во кариерата 51 поен ги предводеше „Шумските волци“, Руди Гобер забележа 19 поени и 16 скокови, а Никел Александер-Вокер 23 поени.

Минесота се уште е без Карл-Ентони Таунс, без него во тимот имаат 12 победи и пет порази.

распоредот на Денвер и Минесота до крајот на сезоната:

Денвер (55-24): (дома) Минесота, (гости) Сан Антонио, (гости) Мемфис
Минесота (55-24): (гости) Денвер, (дома) Атланта, (дома) Феникс

Покрај асот на Минесота, Едвардс, изминатата ноќ се истакнаа: Шеј Гилџис-Александер кој постигна 40 поени во победата на Оклахома над Сакраменто од 112:105, во Чикаго Џејлен Брансон со 45 поени го предводеше Њујорк до победата 117:128, Лука Дончиќ забележа трипл-дабл од 39 поени, 12 скока и 10 асистенции во победата на Далас Маверикс од 104:130 во Шарлот, а Фред Ванвлит со 37 поени беше најдобра кај Хјустон Рокетс во победата над Орландо со 118:106.

Share
Scroll to Top