(Видео) Денвер ја декласира Атланта, нов трипл-дабл на Јокиќ

(Видео) Денвер ја декласира Атланта, нов трипл-дабл на Јокиќ

пред 9 месеци

Денвер Нагетс ја декласираа Атланта Хокс со 142:110. Дуелот повотрно го обележа Никола Јокиќ кој запиша нов трипл-дабл, 130. во кариерата.

Јокиќ без многу напор, одигра нешто помалку од 30 минути забележа 19 поени, 14 скокови и 11 асистенции.

За Јокиќ ова беше 25-ти трипл-дабл во сезоната и првпат во историјата на лигата двајца играчи имаат 25 или повеќе „трипл-дабл“ настапи во иста сезона. Пред асот на Денвер тоа го постигна и литванскиот центар од Сакраменто Кингс, Домантас Сабонис.

Покрај Јокиќ кај Денвер се истакнаа и Кентавиус Колдвел-Поуп со 24 поени (9/12 од поле, 6/9 тројки), Мајкл Портер Џуниор со 20 поени (7/12 од поле) и Реџи Џексон со 18 поени (7/13 од поле). Џамал Мареј за 20 минути на паркетот додаде 16 поени (6/11 од поле) и шест асистенции.

Во Атланта, капитенот на српската репрезентација Богдан Богдановиќ одигра солиден натпревар, постигна 18 поени (6/10 од поле, 3/4 тројки, 3/3 слободни), Клинт Капела додаде 19 поени и 12 скока, а Деандре Хантер 18 поени.

Share
Scroll to Top