(Видео) Дончиќ постигна 60 поени во победата над Мајами

(Видео) Дончиќ постигна 60 поени во победата над Мајами

пред 8 часа

Лос Анџелес Лејкерс ги победија Мајами Хит со 134:126 во НБА лигата. „Езерџиите“ ја забележаа осма последователна победа и моментално имаат скор од 45-25 благодарение на неверојатниот Лука Дончиќ.

Во море од лични проблеми, тој најде начин да ја насочи енергијата на кошаркарскиот терен и сигурно е најдобриот играч на Лејкерс во текот на оваа нереална серија што ги доведе до третото место во Западната конференција.

Дончиќ учествуваше во победата над Мајами со 60 поени, 7 скока и 3 асистенции.

Тој е првиот играч по 10 години што постигна 60 поени во дресот на Лејкерс. Последниот, секако, е Коби Брајант против Јута.

Леброн Џејмс имаше историска вечер и го надмина Роберт Париш по број на одиграни натпревари во НБА, со 1.611 натпревари.

Тој го заврши натпреварот со трипл-дабл од 19 поени, 15 скока и 10 асистенции, додека Остин Ривс постигна 18 поени, а Маркус Смарт 13.

Од другата страна, Бен Адебајо имаше дабл-дабл учинок од 28 поени и 10 скока, Тајлер Хиро имаше 21 поен, 8 скока и 5 асистенции, Норман Пауел 20 поени.

НБА, резултати:

Шарлот – Орландо 130:111
Вашингтон – Детроит 95:117
Чикаго – Кливленд 110:115
Мајами – ЛА Лејкерс 126:134
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 105:99
Сан Антонио – Феникс 101:100
Јута – Милвоки 128:96
Сакраменто – Филаделфија 118:139

Share
Scroll to Top