Фудбалерите на Евертон го совладаа Нотингем Форест со 2:0 во натпреварот од 34. коло на Премиер лигата.
За прв пат по два и пол месеци „Карамелiите“ успеа да постигне повеќе од еден гол на еден натпревар во сите натпреварувања.
Стрелци беа Идриса Гана Геј и Двајт Мекнил, кои со удари од далечина во 29. и 76. минута му донесоа победа на домашните на „Гудисон“.
Евертон, со оваа победа на еден од директните ривали во борбата за опстанок, допонително се оддалечи од опасната зона.
Моментално се 16-ти со 30 бодови, четири повеќе од „шумарите“ кои се први над „линијата“ и имаат одиграно меч повеќе.
Нотингем има само бод повеќе од Лутон и три од Барнли.
Во следното коло Евертон во градското дерби го пречекува Ливерпул, додека кај Нотингем доаѓа Манчестер сити.