Фудбалерите на Евертон го декласираа Челзи во 31-то коло во Премиер лигата. На „Хил Дикинсон“, Евертон предводен од Бето победи со 3:0.
Пред натпреварот, Челзи, по поразот на Ливерпул во Брајтон, имаше одлична можност со победа да ги прескокне „Црвените“ и Астон Вила на табелата и да стигне до местото, кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Сепак, како и клубот од „Енфилд“ и екипата од „Стемфорд Бриџ“ да се натпреваруваат кој ќе си ја отежни во борбата за елитното европско натпреварување.
Всушност, по победата, тимот на Дејвид Мојес сега влезе во таа трка, има само два бода помалку од Челзи.
Херој овој пат беше Бразилецот Бето. Во десеттата минута не успеа да го казни киксот на Роберт Санчез, но во продолжението од натпреварот двапати ја затресе мрежата на голманот на Челзи.
Шпанецот, како и повеќето гостински играчи, беше тотално индиспониран. При првиот гол остана краток, а Бето само ја префрли топката преку него, додека кај вториот топката мина меѓунеговите нозе.
Кај третиот гол не можеше ништо, Недиај ја скина мрежата.






