Фудбалерите на Евертон го победија Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ со 1:0, во последниот натпревар од 12-то коло од Премиер лигата.
Последен пат Евертон славеше на „Олд Трафорд“ пред оваа средба во 2013 година кога актуелниот менаџер, Дејвид Мојес ги предводеше „Црвените ѓаволи“. По 12 години, „Карамелите“ успеаја да го освојат Театарот на соништата, со Мојес на клупата, за кого тоа беше прва победа на Олд Трафорд во Премиер лигата откако ја напушти клупата на Манчестер Јунајтед во 2014 година.
Неверојатен меч на „Олд Трафорд“, кој ќе се паменти по бизарниот црвен картон во 14-та минута. Идриса Гана Геј доби директен црвен картон, откако му залепи шлаканица на соиграчот Мајкл Кин. Евертон. Црвениот картон како да им даде крилја на играчите на Евертон.
Само 16 минути подоцна Дјусбери-Хол постигна прекрасен гол за шокантно водство на гостите од Ливерпул.
Малкумина на „Олд Трафорд“, помислија дека тоа ќе биде единствениот гол, а Џошуа Зиркзе имаше најмногу шанси да го смени резултаот.
Холанѓанецот имаше две одлични шанси во второто полувреме, но Џордан Пикфорд интервенираше феноменално во двата наврати и на крајот ги спаси големите три бода за тимот од Ливерпул.
Јунајтед ја пропушти можноста да им се придружи на водечките тимови и сега е 10-ти со 18 бода. Негов следен ривал ќе биде Кристал Палас.
Евертон има ист број бодови како Јунајтед, се наоѓа на 11-то место, а негов следен ривал ќе му биде Њукасл.
Foto/ EPA






