Еспањол имаше три гола негатива на домашен терен против Атлетико Мадрид, а потоа се разбуди и дојде до 3:3, па сѐ уште се надева на опстанок во Ла Лига. Сепак, има три бода помалку од конкурентите.
Саул Нигез, Антоан Гризман и Јаник Караско донесоа убедлива предност за Атлетико Мадрид, но Еспањол се врати со головите на Монтес, Хозелу од пенал и Винисиус Соуза.
Хетафе исто така се бори за опстанок, а успеа да го победи Бетис во Севилја со 0:1. Стрелец на победничкиот гол беше Омар Алдерете во 68.минута од мечот.