(Видео) За девет секунди доби црвен картон

(Видео) За девет секунди доби црвен картон

пред 2 месеци

Дефанзивецот на Бока Јуниорс, Луис Адвинкула го доби еден од најбрзите црвени картони во историјата.

Само девет секунди му беа доволни да биде исклучен на натпреварот од Копа Судамерикана против Крузеиро.

Овој десен бек го згазна глуждот на Лукас Ромеро токму кога почна натпреварот и „поцрвене“ поради тоа.

Адвинкула во солзи го напушти теренот, а соиграчите се обидоа некако да го утешат.

Инаку, Крузеиро победи со 2:1 и со тоа ја надополни негативата од првиот натпревар (0:1), а по изведувањето пенали се пласираше во четвртфиналето.

Share
Scroll to Top