(Видео) Израелец во Турција постигна гол, па поради прославата заврши во полициска станица

(Видео) Израелец во Турција постигна гол, па поради прославата заврши во полициска станица

пред 10 месеци

Фудбалерот на турскиот клуб Анталијаспор Сагив Јехезкел е приведен поради начинот на кој го прослави голот против Трабзон.

Јехезкел, репрезентативец на Израел, на завојот на левиот зглоб, во камерата ја покажа пораката на која пишуваше „100 дена, 07.10”.

Пораката се однесува на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври и бројот на денови во кои беа држени повеќе од 130 израелски заложници во Газа, што предизвика лавина реакции во Турција, која не ја крие поддршката за Палестина во конфликтот.

„Јавното обвинителство во Анталија отвори судска истрага против израелскиот фудбалер Сагив Јехезкел за јавно поттикнување омраза поради неговата одвратна прослава во корист на масакрот извршен од Израел во Газа“, изјави турскиот министер за правда Јилмаз Тунк.

Претедателот на клубот Синан Бозтепе им се извини на навивачите и порача дека Анталијаспор ќе го раскине договорот со Јехезкел.

Share
Scroll to Top