Фудбалерите на Торино и Интер одиграа нерешено 2:2, во средбата од 34-то коло од Серија А.
„Нероаѕурите“, испуштија предност од 2:0 на овој натпревар, во финишот, но овој кикс нема да ги чини на патото кон титулата.
На четири кола до крајот, тимот на Кристијан Киву има 10 бода повеќе од второпласираниот Наполи и драстично подобра гол-разлика.
Интер рутински, дојде до предност во Торино, прво Маркус Тирам постигна гол во 23-та минута, а потоа Јан Бишек во 61-та минута.
Џовани Симеоне го намали резултатот во 70-та, а Никола Влашиќ од пенал во 79-тата им донесе бод на „биковите“.
Натпреварот го обележа левиот бек на Интер, Федерико Ди Марко. Тој асистираше за двата гола на Интер, со што стана апсолутен рекордер во Серија А. Досега забележа 18 асистенции, претходниот рекорд, 16 асистенции во една сезона беше во сопственост на Папу Гомез од сезоната 2019/2020.
Со овој бод, Торино теоретски обезбеди опстанок, има 41 бод и е на 13-то место.
Foto/ EPA/ALESSANDRO DI MARCO






