(Видео) Комичен авто-гол си постигна голманот на Блекбурн

(Видео) Комичен авто-гол си постигна голманот на Блекбурн

пред 9 месеци

Блекбурн во директен дуел за опастанок во лигата загуби со 1:3 од Шефилд Венздеј, во рамките на 44. коло, во Чемпионшип. Натпреварот го обележа третиот гол на гостите, односно автоголот на голманот на Блекбурн, Ајнсли Пирс.

При 2:1 за гостите во 64. минута Пирс прими ниска топка од соиграчот Доминик Хајам, но неговиот обид да ја исфрли топката напред беше толку слаб што топката доби чудна патека и тргна кон неговиот гол. Голманот имаше време да ја запре топката, но повторно се заплетка и Блекбурн го прими третот гол.

Блекбурн е во тешка ситуација по овој пораз, оддалечен е само три бода од 22. место кое води во Лига1.

И покрај победата, во тешка ситуација се наоѓа и Шефилд Венздеј, се наоѓа на 21. место со бод пред Бирмингем. Во претпоследното коло Блекбурн го пречекува Ковентри, додека Шефилд ќе му биде домаќин на Вест Бромвич Албион.