(Видео) Лајпциг го победи Фрајбург и се врати на чело на Бундес лигата, Дортмунд уште еднаш разочара

(Видео) Лајпциг го победи Фрајбург и се врати на чело на Бундес лигата, Дортмунд уште еднаш разочара

пред 12 часа

Лајпциг се врати на првото место во Бундес лигата по некомплетното осмо коло. Во ова коло Штугарт славеше со играч помалку на домашен терен над Кил со 2:1 , а уште еднаш разочраа играчите на Борусија Дортмунд.

Лајпциг се мачеше во првото полувреме против Фрајбург, гостите поведоа со голот на јапонскиот репрезентативец Рицу Доан, но во вторите 45 минути домашните фудбалери го свртеа резултатот со головите на Унгарецот Вили Орбан, Холанѓанецот Лутшарел. Гертруда и Белгиецот Лоис Опенда за 3:1.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас одново не доби шанса од тренерот Марко Росе, мечот го гледаше од клупата за резерви.

Лајпциг сега е прв на табелата со три бода и натпревар повеќе од Баерн.

Борусија Дортмунд повторно ги разочара своите навивачи. По дебаклот од Реал, во Мадрид, во Лигата на шампионите „милионерите“ загубија во Аугсбург со 2:1, иако рано поведе со голот на холандскиот ас Дониел Мален.

Победата на Аугсбург му ја донесе францускиот интернационалец Алексис Клод-Морис, засилувањето од Ница во летниот преоден рок.

Борусија во Бундес лигата го доживеа третиот пораз на последните пет натпревари и се наоѓа на седмото место. Според германските медиуми сериозно е загозена позицијата на тренерот Нури Сахин.

Share
Scroll to Top