Ливерпул 10. пат во историјата го освои Лига купот. Без Салах, Диого Жота, Дарвин Нуњез, Алисон Бекер…со петмина 19-годишници кои играа во продолженијата, Ливерпул во финалто ан „Вембли“ го победи Челси со 1:0. Единствениот гол го постигна Вурџил Ван Дајк во 118.минута.
Јирген Клоп прошталната сезона во Ливерпул, сигурно ќе ја заврши барем со еден трофеј. За разлика од Германецот, Маурисио Покетино се уште нема трофеј во англискиот фудбал.
Брилијантнот финале, во кое двата тима имаа неколку изгледни панси за гол, го обележа судијата Канава, со неколку дискутабилни одлуки. Се издвојува онаа во 25.минута кога Каиседо со груб старт го повреди Грабенберг. Играчот на Ливерул на носилки беше изнесен од теренот, а Квана за тој старт не покажа картон.
How hasn’t Caicedo been booked yet
pic.twitter.com/dvwyVwFbia— – (@Hmz290) February 25, 2024
Ќе има доста полемики и околу одлуката да го поништи голот на Ван Дајк во 61.минута, Каван пресуди дека Ендо, кој се наоѓаше во пасивен офсајд влијајл на движењто на Колвил.