(Видео) Ливерпул поразен во Истанбул, Тотенхем извлече реми кај Бодо/Глимт, Мурињо со Бенфика падна на „Стенфорд Бриџ“

(Видео) Ливерпул поразен во Истанбул, Тотенхем извлече реми кај Бодо/Глимт, Мурињо со Бенфика падна на „Стенфорд Бриџ“

пред 9 часа

Ливерпул го доживеа првиот пораз во Лигата на шампионите. „Црвените“ паднаа во Истанбул против Галатасарај. Тотенхем со авто-гол се спаси од пораз кај Бодо/Глимт. Останатите фаворити беа и повеќе од сигурни во првите мечеви од втората рунда.

Ливерпул е во мини криза ова е нивен втор пораз по ред во сите натпреварувања.

Во пеколната атмосфера во Истанбул, Ливерпул преживеа вистински ролеркостер.

За 23 секунди, натпреварот практично беше решен. Гакпо имаше одлична шанса, сите ја видоа топката во голот, но еден играч на Галата беше на гол линијата и го спаси својот тим.

Ова доведе до контранапад и пенал за домашниот тим, поради невнимателниот старт на Собослај над Јилмаз. Осимен пеналот го претвори во гол.

На северот на Норвешка, Бодо/Глимт промаши пенал, потоа Хауге постигна два гола, но Тотенхем успеа да се спаси од пораз. Ван де Вен го намали резултатот, а Гундерсен во 89-та минута си постигна авто-гол.

Жозе Мурињо како тренер на Бенфика се врати на „Стенфорд Бриџ“. Беше пречекан со овации од навивачите, а на теренот доживеа пораз. Риос постгна авто-гол во 18-та минута, што му беше доволно на Челзи да ја забележи првата победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Сигурни и убедливи победи забележаа Атлетико Мадрид, Интер, Марсеј и Баерн на Кипар против Пафос.

Атлетико го порази Ајнтрахт со 5:1, во натпревар во кој Антоан Гризман го постигна 200-от гол во дресот на Атлетико.

„Јорганџиите“ во првиот дел постигнаа три гола преку Распадори, Ле Норман и Гризман. Намали Буркарт во 57-та минута, а до крајот Атлетико постигна уште два гола преку Симеоне и Хулијан Алварез.

Интер на „Меаца“ за четири минути ја реши Славија Прага. Лаутаро Мартинез погоди во 30-та, а Дамфрис во 34-та минута. Точка на мечот стави Лаутаро во 65-та минута.

Марсеј во првите 27 минути го реши Ајакс. Два гола до 13-та минута постигна Паишао, а потоа во 27-та минута погоди и Гринвуд. Ветеранот Обамејанг во 52-та минута ги постави конечните 4:0.

На Кипар, Баерн во првиот дел постигна четири гола, два Кејн по еден Гереиро и Николас Џексон. Во последната минута од првиот дел со прекрасен гол постигна за Пафос, Хрватото Оршиќ. Конечните 5:1 ги постави Олисе.

Share
Scroll to Top