(Видео) Лига Европа: Ливерпул и Баер Леверкузен „пукнаа петарди“

(Видео) Лига Европа: Ливерпул и Баер Леверкузен „пукнаа петарди“

пред 7 месеци

Ливерпул и Баер Леверкузен постигнаа по пет гола во победите над Тулуз, односно Карабаг, во вечербите натпревари од третото коло во Лига Европа.

Група Б

Фудбалерите на Брајтон ја запишаа првата европска победа во клупската историја. Брајтон го совлада Ајакс со резултат 2:0.

Домашните поведоа во 42. минута со голот на Жоао Педро, а Ансу Фати, кој очигледно е во одлична форма откако пристигна на позајмица од Барселона го постави конелниот резултат во 53. минута.

Претходно денеска Марсеј на домашен терен го победи грчки АЕК со 3:1.

Група Е

Екипата на Ливерпул убедливо со 5:1 триумфираше над Тулуз на „Енфилд“.

Прашањето на победникот практично беше решено по првите 45 минути, домашните поведоа во деветтата минута со голот на Жота, а во 16. минута Далинг го израмни резултатот.

До крајот на полувремето Ливерпул стигна до уште два гола, прво Ватару Ендо ја затресе мрежата на ривалот во 30.минута, а четири минути подоцна погоди и Дарвин Нуњез.

На 4:1 зголеми Рајан Гравенберх во 65. минута, а „петардата“ ја заокружи Мохамед Салах со гол во третата минута од судиското надополнување.

Во истата група Унион Сен Жалоа со пресврт го победи ЛАСК од Линц со 2:1.

Група Ф

Француски Рен победи со 2:1 против Панатинаикос во Атина

Гостите поведоа во седмата минута со голот на Гири, а во 50. ја удвоија предноста благодарение на Калимуенд.

Избраниците на Иван Јовановиќ се обидоа да избегнат пораз, Јоанидис погоди од пенал во 61. минута, но „зелените“ не можеа повеќе од тоа.

Група Г

Фудбалерите на Рома триумфираа над екипата на Славија од Прага со 2:0.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме. Во првата минута погоди Бове, а Ел Шарави во 17.минута го постави конечниот резултат.

Во рамките на истата група, Шериф ремизираше 1:1 со Сервет во Молдавија, головите ги постигнаа Кривели во 41. минута и Анкеј во 80. минута од натпреварот.

Група Х

Фудбалерите на Баер Леверкузен беа немилосрдни на домашен терен откако го декласираа Карабаг со 5:1.

Откако домаќините поведоа со голот на Флоријан Вирц во петтата минута, тимот од Азербејџан израмни со ударот од пенал на Бајрамов.

Следуваше период на одлична игра на „фармацевтите“, кои до полувремето дојдоа до предност од два гола благодарение на Грималдо во 29. минута и Бонифас во 35. минута.

Шпанскиот лев бек беше особено инспириран, па погоди во 55. минута, а три минути подоцна Тапсоба ги постави конечните 5:1.

Share
Scroll to Top