Килијан Мабпе повторно е тема на денот во Франција. Напаѓачот на ПСЖ, одигра едно полувреме, против Монако (0:0). Тренерот Луис Енрке реши да го замени на полувремето, а неговата рекација по замената е приказна за себе. Наместо да им се приклучи на соиграчите на клупата за резерви, Мбапе седна до својата мајка на трибините на стадионот „Луј Втори“ во Монако.
„Проблеми со Килијан? Доволно долго сум во фудбалот за да знам дека се е многу важно. Порано или подоцна ќе бидеме принудени да играме без него и затоа ги разгледувам опциите кои се најдобри за тимот. Дали измената беше казна? Мојот одговор е ист како и досега. Мојата работа е да носам одлуки и мојата филозофија е секогаш да го ставам тимот на прво место“, изјави Луис Енрике.
ПСЖ во вторник му гостува на Реал Сосиедад во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите, а останува да се види дали Мбапе ќе биде стартер или не. Првиот меч ПСЖ го доби со 2:0.
Kylian Mbappé was taken off for PSG in 46th minute…
For the 2nd half, he went to the stands to sit with his family , whilst also greeting AS Monaco fans. pic.twitter.com/jTfNyGJ6Cc
— EuroFoot (@eurofootcom) March 1, 2024