ВИДЕО: Македонија сребрена на Европскиот кошаркарски шампионат во Скопје

ВИДЕО: Македонија сребрена на Европскиот кошаркарски шампионат во Скопје

пред 10 месеци

Македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 20 години го освои сребрениот медал на Европскиот шампионат Б дивизија што се одржуваше во Скопје откако во финалната пресметка загуби со 72:85 од селекцијата на Чешка.

Нашиот тим одигра одлична трета четвртина во која успеа да ја надомести негативата што до полувремето ја направија Чесите, но до крајот не успеа да се избори за комплетен пресврт.

Најпрецизен во нашиот табор беше Симиќ со 23 поени, а двоцифрен беше уште Петков со 14 поени.

Со пласманот во финалето, македонските кошаркари изборија место во А дивизијата за наредниот шампионат, првпат во оваа возрасна генерација по 2007 година.

Share
Scroll to Top