(Видео) Мекланг ќе го брани трофејот во натпреварот во забивање

(Видео) Мекланг ќе го брани трофејот во натпреварот во забивање

пред 3 месеци

Познати се имињата на учесниците, во натпреварот во забивање на Ол-стар викендот кој од 18 до 20 февруари ќе се одржи во Индијанаполис.

На списокот со четири имиња се најде и минатогодишниот победник Мек Мекланг, играч на Орландо Меџик.

Тука е и Џејкоб Топин, кошаркар на Њујорк Никс, чиј брат Оби победи во 2022 година.

Меѓу учесниците е и Хамес Хакез од Мајами Хит, а најголемо име меѓу нив секако е Џејлен Браун, кошаркарот на Бостон Селтикс.

Да потсетиме, минатата година Мекланг испиша историја, станува првиот кој триумфирал во натпреварот во забивање како член на екипа од Развојната Џи лига.

Share
Scroll to Top