(Видео) Меси испиша историјата на Светските првенства

(Видео) Меси испиша историјата на Светските првенства

пред 5 часа

Вечерва, во Далас, Аргентинецот Лионел Меси официјално стана најдобар стрелец во историјата на Светските првенства. Меси го постигна 17-от гол во својата кариера на Мундијалите.

Меси до историското остварување дојде од „втор обид“, откако во деветтата минута промаши пенал. Сепак во 38-та минута постигна гол и го урна рекордот на Мирослав Клосе (16).

Аргентина отвори контра, центаршутот упати Медина од левото крило, Алмада брилијантно ја пропушти топката, знаеше дека Меси е зад него, а тој налета и во негов стил ја испрати зад грбот на Шлагер.

Вкупно ова е неговиот четврти гол на овогодинешното Светско првенство во Америка, Мексико и Канада.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top