(Видео) Мини криза во Денвер, трет пораз по ред за актуелниот шампион

(Видео) Мини криза во Денвер, трет пораз по ред за актуелниот шампион

пред 5 месеци

Актуелните шампиони Денвер Нагетс влегоа во лоша серија, немаат победа на последните три натпревари. Нагетс загубија од Милвоки Бакас, а потоа претрпеа два поразиод Сакраменто. Синоќа Кингс славеа победа во Денвер 102:98. За Денвер ова беше петтиот пораз на домашен терен во 26.натпревар оваа сезона.

Мечот во Колорадо го реши Диерон Фокс со осом поени во низа, во последните две минути. Фокс во последната четвртина постигна 15 поени, натпреварот го заврши со 30. Домантас Сабонис и на 37 натпревар по ред запиша дабл-дабл (20 поени, 13 скокови, седум асистенции).

Денвер го предводеше Ерон Гордон со 25 поени, потфрли Никола Јокиќ, погоди само шест од 17 обиди од поле, мечот го заврши со 15 поени, пет скока и осум асистенции.

Ноќта индивидуално ја обележаа Дени Авдија и Стеф Кари.

Крилниот играч на Вашингтон и репрезентативец на Израел, во поразот на својот тим од Њу Орлеанс 126:133, постигна 43 поени. Рекордната ноќ во кариерата Авдија ја зачини со 15 скока и три асистенции.

Голден Стејт Вориорс доживеаја пораз од ЛА Клиперс 125:130. Кари постигна 41 поен, погоди девет тројки од 19 обиди. Клиперс ги предводеше Џејмс Харден со 26 поени.

Резултати:

Мемфис – Хјустон 121:113
/Џексон 20 – Шенгун и Томпсон по 19/

Далас – Сан Антонио 116:93
/Ирвинг 34 – Вембањама 26/

Феникс – Детроит 116:100
/Дурант 25 – Фонтекио 18/

Јута – ЛА Лејкерс 122:138
/Секстон 18 – Дејвис 37/

Share
Scroll to Top