(Видео) Нема полош тим во Премиер лиагта од Тотенхем

(Видео) Нема полош тим во Премиер лиагта од Тотенхем

пред 7 часа

Фудбалерите на Тотенхем тонат на табелата во Премиер лигата. Во 29-то коло го забележаа петтиот пораз во низа, трет во дуелите со ривалите од Лондон. Новиот тренер, Игор Тудор се уште не освоил ниту бод.

Тотенхем, во кошмарен меч, загуби од Кристал Палас со 1:3. Кобен за Тотенхем беше период од 38-та до 52-та минута, кога во целост се распадна играта на тимот предводен од Тудор.

Започна добро за Тотенхем, голот на Соланке му донесе предност на домашниот тим. А потоа, по прекршокот на Ван де Вен, Кристал Палас доби пенал, а дефанзивецот на Тотенхем црвен картон.

Сар го реалзиираше пеналот, а потоа во 46-та и 52-та минута Сар и Ларсен ставија точка на натпреварот. Во тој момент голем број од навивачите го напуштија на стадионот, неможејќи да гледаат уште една ужасна партија на нивниот тим.

Во 2026 година, Тотенхем освои само четири бода од можни 33 (седум порази и четири нерешени) и има најлош учинок од сите тимови во Премиер лигата.

Тотенхем остана на 16-то место со 29 бода, само еден повеќе од Нотингем Форест и Вест Хем, кои се во зоната за испаѓање. Кристал Палас е на 13-та позиција со 38 бода.

Во следното коло, Тотенхем ќе го пречека Ливерпул, но пред тоа, имаат натпревар со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, единственото натпреварување, кое оваа сезона (сè уште) им носи малку радост на навивачите на Спарс.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top