Селтик ја освои својата петта последователна титула во лигата и 56-та во историјата, во драмаричен финиш, Селтик во последното коло го победи лидерот Хартс со 3:1. Сепак, Шкотска сè уште се расправа за пеналот досуден за зелено-белите во 97-та минута на натпреварот од претпоследното коло во Мадервел.
Фудбалската асоцијација на Шкотска се огласи со својата одлука, која во овој случај ништо не им значи на фудбалерите на Хартс. Одлуката гласи дека во 97-та минута на натпреварот меѓу Мадервел и Селтик не смеело да биде досуден пенал за гостинскиот тим.
Спорната ситуација се случи во последните моменти од дуелот со „челичните“, кога при резултат 2:2, судијата Џон Битон покажа на пенал поради наводно играње со рака од страна на Сем Николсон.
Судијата дојде до ВАР мониторот, добро го разгледа контроверзниот детаљ и одлучи да досуди најстрога казна. Ова ги разбесни играчите и навивачите на домашниот тим, а Келечи Ихеначо постигна гол за победа.
Доколку натпреварот завршеше нерешено, на Селтик ќе им требаше триумф од најмалку три гола во решавачкиот натпревар со Хартс. Со три бода во претпоследното коло, на Слетик во последната рунда му требаше само победа.
Тоа се случи, по пресвртот во Глазгов – 3:1 (1:1). Ако ги прашате фудбалските фанови кои не го поддржуваат владетелот на шкотскиот фудбал, сите ќе речат дека трофејот им е украден на фудбалерите на Хартс.
Here's the incident that resulted in Celtic's winning penalty at Fir Park, following a VAR check!
Motherwell vs Celtic & Hearts vs Falkirk reaction | Sky Sports Football now
pic.twitter.com/kwFO6mOH7t
— Sky Sports Scotland (@ScotlandSky) May 13, 2026
Сепак, признанието од шкотската федерација не им значи многу на навивачите на клубот од Единбург, кои го чекаат шампионскиот пехар од 1960 година.
Момците на Дерек Мекинс ја поминаа практично целата сезона на врвот на табелата, но се лизнаа од неа на нестварен начин. И тој епилог не може да се смени.

Here's the incident that resulted in Celtic's winning penalty at Fir Park, following a VAR check!





