(Видео) Нестварен светски рекорд на Сара Кертис

(Видео) Нестварен светски рекорд на Сара Кертис

пред 7 часа

Италијанката Сара Кертис ја испиша историјата на светското пливање.

19-годишната Италијанка приреди спектакл во полуфиналето на Европското првенство во Париз, поставувајќи нов светски рекорд во дисциплината грбно пливање на 50 метри, неверојатни 26,63 секунди.

Така, Кертис го подобри за 23 стотинки претходниот рекорд на Австралијанката Кејли МекКаун, која исплива 26,86 во октомври 2023 година во Будимпешта.

Ова беше и првиот светски рекорд на овогодинешното Европско првенство во Париз.

Колку беше изненадена од сопствениот резултат најдобро го искажува нејзината реакција веднаш по трката.

Сепак, работата не беше завршена за неа. Финалето беше следниот предизвик, а Кертис имаше можност да го круниса рекордот и да освои медал.

Колку беше доминантна Кертис, покажува и фактот дека второпласираната Алина Гајфутдинова постигна резултат од 26,91, што е трето најбрзо време во историјата на дисциплината.

Разликата меѓу двете пливачки беше дури 28 стотинки.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top