(Видео) Не го даваме Алварез и за 200 милиони евра

(Видео) Не го даваме Алварез и за 200 милиони евра

пред 5 часа

Атлетико Мадрид е клуб кој може да се пофали дека за трето последователно финале на Светското првенство има повеќе играчи во протоколот за одлучувачкиот натпревар од кој било друг клуб.

Еден од деветмината во неделното финале, Хулијан Алварез, ќе биде во фокусот.

Аргентинскиот напаѓач веќе изјави дека сака да го напушти клубот, но „јорганџиите“ веднаш реагираа заканувајќи се дека ќе ја тужат Барселона за преговори со 26-годишниот напаѓач без знаење на клубот.

Алварез има договор со Атлетико до 2030 година, поради што потпредсетаделот на клубот, Мигел Анхел Хил Мартин, рече: „Нашиот став е јасен. Му го кажавме на играчот, неговите претставници и претседателот на Барселона“, започна 63-годишниот син на многу познатиот Хесус Хил, а потоа додаде:

„Апсолутно не се сомневам дека Атлетико е вистинското место на светот за Хулијан и дека Хулијан е идеален централен напаѓач за Атлетико. Сакаме да го задржиме.“

Исто како што беше интересен момент кога се појави оваа гласина за трансфер, што Алварез не ја негираше, интересен е и тајмингот кога Хил ја даде оваа изјава, два дена пред финалето Шпанија-Аргентина.

„Го слушнав претседателот Лапорта како вели дека неговата понуда до Атлетико Мадрид не е неограничена. Мојот единствен одговор беше дека нашиот одговор е неограничен“, објасни Хил, а потоа повтори уште еднаш: „Нема да го продадеме! Не прифативме понуда од 100 милиони евра, па затоа нема да прифатиме ниту понуда од 150 или 200 милиони.“

Останува да се види како ова ќе влијае на настапот на Алварез во финалето, кое е закажано за недела во 21 часот, но и на неговата иднина во Атлетико ако остане на ставот дека сака да го напушти Мадрид.

Foto/ Depositphotos

Share
Scroll to Top