Ландо Норис, во Абу Даби на патеката „Јас Марина“, стана 35-тиот возач кој го освои шампионатот во Формула 1. Норис е 11-от Британец со светска титула. Воедбо Британецот на Мекларен му ја донесе првата титула во конкуренција на возачи по 2008 година.
Во последната трка од сезоната, 26-годишниот Британец заврши трет, доволно за да ја прекине четири годишната доминација на Макс Ферстапен.
„Ова патување е долго, навистина долго… Навистина… Прво на сите, ви благодарам на сите, мојот тим, моето семејство, татко ми, мајка ми… хаха, не плачам“, новиот светски шампион едвај можеше да најде зборови од среќа и солзи во својата прва изјава по најголемиот успех во неговата кариера.
Норис на крајот имаше два поени повеќе од Ферстапен, кој победи на трката во Абу Даби.
Трката на патеката „Јас Марина“ го означи и крајот на една ера во Формула 1, бидејќи следната сезона ќе пристигне нова, во која автомобилите ќе бидат помали и полесни, сето тоа со цел трките да бидат повозбудливи отколку што беа досега.
Исто така, Големата награда на Абу Даби беше последната трка во која ќе се користи DRS, но ќе биде и последната трка за Заубер, кој официјално ќе стане Ауди од следната година.
Over to you, Lando
The first interview with our new world champion! #F1 #AbuDhabiGP pic.twitter.com/py5OTzAxCg
— Formula 1 (@F1) December 7, 2025
Foto/ EPA







