НБА лигата експресно реагираше и ги казни актерите на тепачката на натпреварот Далас-Феникс.
Кратка но жестока пресметка имаа Јусуф Нуркиќ и Наџи Маршал, по што и двајцата беа исклучени.
Исклучен беше и кошаркарот на Далас, Пи Џеј Вашингтон, бидејќи и тој учествуваше во тепачката.
Јусуф Нуркиќ е суспендиран на три натпревари и казнет со 125.000 долари по натпревар или 375.000 долари.
Наџи Маршал доби суспензија од четири натпревари и парична казна од 59.113 долари по натпревар, вкупно 232.456 долари, а Пи Џеј Вашингтон доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 89.080 долари.
JUSUF NURKIC VS. NAJI MARSHALL
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 28, 2024
Интересно казните на Маршал и Вашингѕон ќе и ги плати Кајри Ирвинг. Вкупно ќе издвои 321.536 долари.
„Можеби ова е вистинскиот начин да се заврши 2024 година, некој всушност некој некого удри во НБА. Можеби тоа малку ќе ја подигне гледаноста. Бев малку збунет, сè се случи толку брзо. Во моменти како овие, важно е играчите да се заштитат себеси, да се заштитат едни со други, каде и да, на улица или на кошаркарски терен, треба да кренете раце и да се браните. Ќе се погрижам за нивните казни, за Пи Џеј и Маршал, понекогаш овие работи се дел од кошарката“, им изјави најдобриот играч на Далас на новинарите.