(Видео) Опенда трагичар, Лајпциг освои само бод во Аугсбург

(Видео) Опенда трагичар, Лајпциг освои само бод во Аугсбург

пред 7 месеци

Фудбалерите на Лајпциг освоија само бод на гостувањето кај Аугсбург. Трагичар беше напаѓачот на Лајпциг Опенда, кој во 81.минута не реализираше пенал. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, играше од 67.минута кога како и на претходните два го замени Дани Олмо.

Аугсбург подобро влезе во натпреварот и во 35.минута Филип Тиц постигна гол за делириум на стадионот. Радоста на домашните траеше само четири минути, кога Лајпциг изедначи со голот на Луис Опенда.

Гостите во 52.минута направија пресврт, кога Бенјамин Шешко го совлада голманот Дамен. Аугсбург до 2:2 дојде со голор на Ермедин Демировиќ во 60.минута.

Резултати:

Вердер-Ханденхајм 1:2
Унион Берлин-Волфсбург 1:0
Ајнтрахт-Бохум 1:1
Борусија Менхенгладбах-Дармштатд 0:0

Share
Scroll to Top