(Видео) Петта победа во низа – Интер со троимфот над Сасуло скокна на третото место

(Видео) Петта победа во низа – Интер со троимфот над Сасуло скокна на третото место

пред 11 месеци

Интер, во интересен натпревар, го победи Сасусоло со 4:2 и се зацврсти на позицијата која обезбедува пласман во Лигата на шампионите. Интер, на табелата скокна на третото место со ист број на бодови како и Јувентус. „Страта дама“, својот натпревар од 35.коло ќе го одигра утре.

Интер против Саусоло ја продолжија победничката серија. Имаат пет во низа во Серија А, доколку ја сметаме и победата против Милан, тогаш тимот на Симоне Инзаги е во серија од шест победи.

Ромелу Лукаку против Сасуоло ја отвори серија во 41. минута. Претходно ВАР му го поништи голот на Берарди во 11. минута.

Во 56. минута автоголот на Руана ја зголеми предноста на Интер, само две минути подоцна Мартинез погоди за убедливи 3:0.

На 3:1 намали Енрике во 63. минута, а Фратези го постигна вториот гол за гостите во 77. минута, но сите дилеми за победникот ги отстрани Лукаку со вториот гол во претпоследната минута.

На три кола до крајот на сезоната Интер на третото место има поен повеќе од Лацио и пет од градскиот ривал Милан, со кого во среда ќе го одигра полуфиналниот реванш во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top