(Видео) Покер на Норвешка во првиот меч на СП

(Видео) Покер на Норвешка во првиот меч на СП

пред 8 часа

Фудбалерите на Норвешка го победија Ирак со 4:1 (2:1) во натпреварот од првото коло од Групата И на Светското првенство.

Ерлинг Халанд го одбележа мундијалското деби со два гола и со тоа ја одведе својата репрезентација на врвот на табелата. Еден гол постигна Остигард, а еден е дело на Ајмен Хусеин кој во 96-та минута постигна авто гол. Претходно овој играч во 29-та минута го постигна голот за Ирак.

Скандинавците имаат три бода, како и Франција, која претходно го победи Сенегал со 3:1.

Во следното коло, „триколорите“ ќе играат против Ирак, додека Норвежаните ќе играат против Африканците.

Share
Scroll to Top