(Видео) Први информации за состојбата на тешко повредената полска лизгачка

(Видео) Први информации за состојбата на тешко повредената полска лизгачка

пред 1 час

Ужасен инцидент го одбележа натпреварот во брзо лизгање на кратки патеки на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Полјачката Камила Сеље се здоби со сериозни повреди за време на трката на 1.500 метри.

Инцидентот се случи по судирот помеѓу Сеља и Американката Кристен Сантос-Грисволд, по што двете натпреварувачки паднаа.

Во метежот што следеше, лизгалката на американската лизгачка ја удри Полјачката во лицето, нанесувајќи ѝ длабока рана.

Италијанката Аријана Фонтана исто така падна врз нив.

Трката беше веднаш прекината, а медицинскиот тим укажуваше помош околу 15 минути. Сеље беше изнесена од патеката на носилка, со видлива длабока рана на лицето и неколку други помали повреди во пределот на стомакот.

И покрај тешките сцени, кога беше симната од мразот, таа покажа палец нагоре кон публиката, што предизвика аплауз од целата сала.

Според соопштението на Полскиот олимписки комитет, раната на лицето била зашиена, а била константирана и фрактура на една коска на лицето.

„Окото и пределот околу него беа многу отечени, па на почетокот не знаевме дали окото е повредено, но најверојатно сè е во ред. Компјутерската томографија покажа мала фрактура на лицето. Камила треба да помине еден ден во болница, по што ќе биде пуштена. Свесна е, може сама да стане од кревет и генерално е добро“, се вели во соопштението.

Инцидентот го засени спортскиот дел од програмата и остави силен впечаток кај сите присутни во салата.

Share
Scroll to Top