(Видео) Пред четири години играа во Четвртата лига, во новата сезона ќе бидат дел од Бундеслигата

(Видео) Пред четири години играа во Четвртата лига, во новата сезона ќе бидат дел од Бундеслигата

пред 4 часа

За прв пат во историјата, играчите на Елферсберг изборија пласман во Бундеслигата, откако го декласираа Минстер со 3:0 во натпреварот од последното 34-то коло од Втората Бундеслига. Елферсберг го обезбеди второто место на табелата зад Шалке.

Клубот, основан во 1907 година, е од градот Шписне-Елферсберг, кој има само 13.000 жители, и игра на стадион кој собира 10.000 навивачи, што го прави еден од најмалите клубови што некогаш играле во Бундеслигата.

За прв пат во историјата, Елферсберг обезбеди пласман во Бундеслига 2 во 2023 година, а сега успеа да го се пласира и во елитниот ранг на германскиот фудбал.

Во својата историја, помина најмногу време во аматерскиот ранг на германскиот фудбал, во еден момент клубот играше во седмата дивизија.

Овој клуб ја освои четвртата дивизија на Германија во 2022 година, а само една година подоцна обезбеди пласман во повисок ранг и за прв пат во историјата се пласираше во втората дивизија, три години подоцна да освои место меѓу најдобрите.

Третопласираниот Падерборн ќе игра против Волфсбург, кој заврши на 16-то место во Бундеслигата, во баражот за пласман во елитата.

Фортуна Дизелдорф и Минстер испаднаа во третата лига. Гројтер Фирт ќе игра плејоф за опстанок против Есен, третопласиран од третата дивизија.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top