(Видео) Проблем за Милвоки Бакс, се повреди Јанис Адетокумбо

(Видео) Проблем за Милвоки Бакс, се повреди Јанис Адетокумбо

пред 8 месеци

Милвоки Бакс скапо ја платија победата 104:91 над Бостон Селтикс. Бакс во финишот на третата четвртина останаа без својот најдобра играч Јанис Адетокумбо.

Гркот го повреди листот на ногата и со помош на сограчите замина во соблекувалната. Магнетната резонанца ќе покаже за какво оштетување на мускулното влакно станува збор, ако дошло до целосен кинење на мускулот, тоа ќе значи крај на сезоната за Адетокумбо, а шансите на Милвоки за добар пласман во плејофот ќе бидат сведени на
минимум.

Доколку пак станува збор за делумно кинење на мускулното влакно, паузата може да биде од две до шест недели.

Милвоки, во последните три натпревари во сезоната се бори за второто место на Истокот. Бакс имаат 48 победи и 31 пораз, зад нив се Њујорк Никс (47-32), Орландо Меџик (46-33) и Кливленд Кавалирс (46-33).

Првите плеј-ин натпревари ќе се играат на 16 април, а плеј-офот ќе започне четири дена подоцна, на 20 април.

Извесно е дека Милвоки Бакс во плеј-офот ќе влезат без Адетокумбо. Кога и дали ќе се приклучи на тимот, ќе биде познато по лекарските прегледи.

Share
Scroll to Top