(Видео) ПСЖ го плати 20 милиони за да биде резерва, вчера Сафонов им го донесе Интерконтинеталниот куп

(Видео) ПСЖ го плати 20 милиони за да биде резерва, вчера Сафонов им го донесе Интерконтинеталниот куп

пред 11 часа

Фудбалерите на ПСЖ се победници на Интерконтиненталниот куп на ФИФА. Во финалето одиграно во Катар, тие победија против Фламенго по подобро изведување на пенали. По регуларните 90 минути и продолженијата, резултатот беше 1:1, а головите ги постигнаа Кваратц за ПСЖ и Жоржињо од пенал за Фламенго.

Во пенал рулетот, во херој се претвори голманот Матвеј Сафонов, кој одбрани дури четири пенали, по што неговите соиграчи го носеа низ теренот на стадионот Катар како херој.

Тој ги одбрани ударите на Саул Нигез, Педро, Лео Переира и Луис Араухо и со тоа ја спречи сензационалната победа на Бразилците над европските шампиони од Париз.

Матвеј Сафонов е 26-годишен голман од Краснодар, неговиот роден град и клубот со исто име каде што ги направи своите први фудбалски чекори и стана професионалец. По 175 настапи за сениорскиот тим на Краснодар, Парижаните го доведоа во 2024 година за 20 милиони евра и го претворија во резервен голман.

Минатата сезона, како замена за Џанлуиџи Донарума, тој одигра 17 натпревари, прими 13 гола, на седум натпревари успеа да го одбрани својот гол.

Иако Донарума го напушти ПСЖ ова лето, статусот на Сафонов не се промени и тој сè уште е резерва, сега на Лукас Шевалие (24), за кого ПСЖ, на Лил му плати 40 милиони евра.

Натпреварот со Фламенго беше негов четврти оваа сезона, а во него, со четири одбрани во пенал-серијата, тој стана првиот голман што го сторил тоа во 21 век.

Неговиот договор со ПСЖ важи до 2029 година, а „Трансфермаркт“ ја проценува неговата вредност на 15 милиони евра, што го прави еден од најевтините играчи на ПСЖ.

Share
Scroll to Top