(Видео) Ристовски прогласен за МВП на натпреварот во Салцбург

(Видео) Ристовски прогласен за МВП на натпреварот во Салцбург

пред 10 часа

Динамо Загреб сноќа ја забележа првата победа сезонава и го освои четвртиот бод во Лигата на шампионите. По дебаклот против Баерн во Минхен и поразот од 9:2, Динамо одигра нерешено со Монако во Загреб 2:2, а синоќа победи во Салцбург со 2:0.

Стрелци на головите за победа беа Куленовиќ и Петковиќ, а асистент за двата гола беше поранешниот репрезентативец на Македонија, Стефан Ристовски.

За брилијантната партија против Салцбург, УЕФА го прогласи Ристовски за играч на натпреварот.

„Прекрасно чувство, горд сум, голема ноќ за сите нас. Заслужено победивме. На теренот го исполнивме договореното, ги спречивме нивните контри, одигравме одличен натпревар. Сиггурно дека оваа победа ќе ни донесе самодоверба“ изјави Ристовски.

Share
Scroll to Top