(Видео) Ришарлисон во 90-та минута го шокира Ливерпул

(Видео) Ришарлисон во 90-та минута го шокира Ливерпул

пред 2 часа

Игор Тудор со Тотенхем, по четири порази (три во Премиер лигата, еден во Лигата на шампионите), успеа да о освои првиот бод. Вечерва на „Енфилд“, Ливерпул и Тптенхем одиграа 1:1.

Ливерпул не ја искористи шансата да ја престигне Астон Вила на четвртото место, остата на петтата позиција со 49 поени, додека Тотенхем е на 16-то место со 30 бодови.

Се започна добро за навивачите на „Енфилд“, бидејќи Доминик Собослај покажа во 18-та минута дека е мајстор за слободни удари. Постигна гол и им донесе предност на „црвените“.

Но, уште еднаш, Ливерпул ја направи истата грешка како неколку пати оваа сезона – не го затворија натпреварот на време и беа казнети за тоа.

Во 90-та минута, Робертсон направи грешка и му дозволи на Коло Муани да му ја одземе топката, го проигра Ричарлисон, кој ги постави конечните 1:1.

foto/ EPA

Share
Scroll to Top