(Видео) Роналдо грубо турна млад навивач во Ереван

(Видео) Роналдо грубо турна млад навивач во Ереван

пред 5 часа

Славниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо грубо турна еден навивач во хотел во Ереван.

Инцидентот е снимен и споделен на социјалните мрежи со бројни коментари од разочарани фанови. На видеото се гледа како еден навивач му се приближува на фудбалерот за да направи селфи со него, но Португалецот грубо го турна младиот човек.

По инцидентот, обезбедувањето брзо реагираше и ги оддалечи другите навивачи од познатиот фудбалер.

Во сабота, на 6 септември, репрезентацијата на Португалија ќе игра против репрезентацијата на Ерменија во квалификациите за Светското првенство во 2026 година. Натпреварот во Ереван започнува во 18:00 часот.

Share
Scroll to Top