(Видео) Роналдо се посрамоти – Ал Наср испадна од Лигата на шампионите

(Видео) Роналдо се посрамоти – Ал Наср испадна од Лигата на шампионите

пред 2 месеци

Фудбалерите на Ал Наср во четвртфиналето го завршија учеството во азиската Лига на шампиони. Тимот чија главна ѕвезда е Кристијано Роналдо доживеа елиминација од Ал Аин, на чија клупа седи поранешниот аргентински репрезентативец, Ернан Креспо.

Тимот од ОАЕ имаше залиха од првиот натпревар (1:0), а по головите на Рахими во 28. и 45. минута дојде до огромна предност во реваншот.

Сепак, Ал Наср многу брзо се врати во игра, а се започна со голот на Гариб во петтата минута од судиското надополнување во првиот дел од натпреварот.

Еиса си постигна автогол во 51. минута, а Телес донесе пресврт за Ал Наср во 72. минута од натпреварот.

Натпреварот влезе во продолженија, а Ал Шамси во 103. минута постигна нов гол за гостите.

На сцена стапи Кристијано Роналдо кој во 118. минута обезбеди пенали за својот тим.

Играчите на Ал Анин шутираа три пати од белата точка и три пати погодија, додека кај Ал Наср прецизен беше само Роналдо, а трагични беа Брозовиќ, Телес и Отавио.

Овој драматичен меч го одбележа и големото промашување на Роналдо, кој од само неколку метри го промаши целиот гол.

Share
Scroll to Top