(Видео) Синоќа претепа судија, а лани доби награда за фер-плеј

(Видео) Синоќа претепа судија, а лани доби награда за фер-плеј

пред 12 месеци

Скандалот што се случи по натпреварот Анкарагучу и Ризе (1:1), а во кој главен актер беше претседателот на домашниот тим, Фарук Коџа од синоќа е топ тема во фудбалскиот свет.

Незадоволен од конечниот резултат, Фарук Коџа, кој го нападна судијата и го удри со тупаница во главата.

Коџа има 64 години, долго време е во турскиот фудбал, а е еден од политичарите кои беа дел од турското национално собрание во периодот од 2002 до 2011 година. Во Собранието двапати ја претставуваше родната Анкара.

Иронично е што Коџа минатата година ја доби награда „фер-плеј“ во турската Суперлига вредна 100.000 турски лири или околу 3.200 евра.

Коџа е уапсен и се наоѓа во притвор. Се соочува со затворска казна од шет и пол години.

Поради овој инцидент турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган привремено го суспендираше фудбалското првенство.

Share
Scroll to Top