Дуелот на „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид-Манчестер Сити, беше централниот настан на шестото коло од најелитното европско натпреварување. Манчестер сити, по пресврт, го победи Реал во Мадрид со 2:1. По овој пораз судбината на Чаби Алонсо на клупата на Реал е неизвесна.
Реал натпреварот го одигра без својот најдобриот играч и стрелец, Килијан Мбапе, кој се повреди во неделата во поразот од Селта.
„Кралскиот клуб“, се обидуваше, дојде до предност со голот на Родриго во 28-та минута. Бразилецот го прекина осум месечниот пост, односно постигна гол по 32 натпревари.
Сити, до крајот на полувремето направи пресврт. Најпрвин О’Рајли изедначи во 35-та минута, а потоа погоди и Халанд од пенал во 43-та минута.
Во вториот дел двата тима имаа некои свои шанси, најдобрата за Реал ја пропушти Ендрик во 85-та минута кога ја погоди гредата.
Сити заслужено дојде до првата победа над Реал во Мадрид, по пауза од пет години. „Гражаните“ истрчаа речиси осум километри повеќе од своите противници, имаа седум удари во рамките на голот, Куртоа имаше шест интервенции, додека Реал упати само еден удар кон Донарума и тој заврши во голот.
Реаултати, 6.коло:
Карабаг – Ајакс 2:4 (1:1)
/Дуран 10′, Силва 47′ – Долберг 39′, Глук 79′, 90′, Гај 83’/
Виљареал – Копенхаген 2:3 (0:1)
/ Комесања 47′, Олувасеји 56′ – Ељунуси 2′, Ачури 48′, Корнелиус 90’/
Атлетик Билбао – Пари Сен Жермен 0:0
Баер Леверкузен – Њукасл 2:2
/Гимараеш 13 аг, Грималдо 88′ – Гордон 51’пен., Мајли 74’/
Бенфика – Наполи 2:0
/Риос 20′, Бареиро 49’/
Борусија Дортмунд – Боде Глимт 2:2
/Брант 18′, 51′ – Алесами 42′, Хауге 75’/
Клуб Бриж – Арсенал 0:3
/ Мадуеке 25′, 47′, Мартинели 56’/
Јувентус – Пафос 2:0
/Мекени 67′, Дејвид 72/’






