Басконија го совлада Макаби со 92:82 во 25. коло од Евролигата, а моментот за кој ќе се зборува се случи на крајот од натпреварот.
Имено, во последниот напад на израелскиот тим Вејд Болдвин тргна кон кошот, а судијата не го досуди фаулот што го очекуваше.
Американецот во налте на бес тргна, најпрвин ја фрли топката во правецот на судијата, а потоа му се внесе во лицето. Само судијата знае што се му кажа Американецот.
Поголем инцидент спречија соиграчите на Болдвин, кои успеаја да го одвојат од судијата. На потег сега е дисциплината комисија на Евролигата.
Болдвин е поранешен играч на Басконија, а на овој натпревар постигна 25 поени.
WADE BALDWIN IV GOT HEATED WITH THE REF
— Eurohoops (@Eurohoopsnet) February 1, 2024