(Видео) Спектакл во Атланта, Аргентина против Египет од 0:2 до 3:2

(Видео) Спектакл во Атланта, Аргентина против Египет од 0:2 до 3:2

пред 4 часа

Актуелниот светски првак Аргентина „избега“ од египетската гилотина и со нестварен пресврт, од 0:2, славеше победа со 3:2. Во четвртфиналето, Аргентина ќе игра со победникот од натпреварот меѓу Швајцарија и Колумбија.

Неверојатен меч одиграа Аргетина и Египет на стадионот во Атланта. Ибрахим ја шокира Аргентина во 15-та минута, а пет минути подоцна, голманот Жабир му одбрани пенал на Меси.

До крајот на полувремето, Аргентина имаше три големи шанси, Меси од слободен удар ја погоди стативата, а брилијантно ги одбрани ударите на Мекалистер и Хулијан Алварез.

Египет постигна гол во 58-та минута по перфектен контранапад, меѓутоа ВАР го поништи голот на Зико, бидејќи на почетокот на акцијата фаулиран бил Лисандро Мартинез.

Сепак девет минути подоцна, речиси иста акција, Зико погоди за 0:2.

Аргентина висеше над амбисот, бидејќи и покрај поседот, не успеваше да го пробие египескиот блок и да создаде шанса за гол.

И кога се чинеше дека Египет се контролира на теренот, центаршут на Меси, а Ромеро со глава погоди за 1:2, во 79-та минута.

Пет минути подоцна, мешаница пред голот на Египет, Меси налета на топката што му ја остави Монтиел и го изедначи резултатот.

Конечниот удар на Египет му го зададе Енцо Фернадез, по контрата која ја истрча Лаутаро и неговиот идеален центаршут.

Foto/ EPA

Share
Scroll to Top