Кошаркарите на Оклахома го победија Денвер со 127:121 по продолжението.
Денвер Нагетсите беа на работ на голема победа, но попуштија кога беше најпотребно и го испуштија триумфот.
Во финишот се чинеше дека Денвер оди кон победа. На три минути до крајот, Браун постигна тројка и ги доведе гостите на +6 поени, но Оклахома успеа веднаш да се врати преку Шеј и Карусо.
Никола Јокиќ успеа да го израмни резултатот со своите поени, а ќе се покаже дека го однесе натпреварот во продолжение со нив. Пред тоа, Браун, му удри банана на Шеј, а потоа од другата страна, Кам Џонсон промаши отворена тројка за победа на Нагетс.
Сепак, во продолжението, Денвер целосно застана, расположен беше само Мареј, и со низа грешки, ја подари победата на Оклахома.
Играчите на Оклахома не бираа сретства даго запрат Јокиќ, на почетокот Шеј доби техничка, а во финишот Лу Дорт го фрли на паркетото српскиот центар.
Јокиќ веднаш стана и почна да се пресмета со Канаѓанецот, додека Џејлин Вилијамс стана во одбрана на соиграчот. Во очите на Јокиќ можеше да се види лутината и колку е подготвен да се пресмета со противниците.
Дорт беше исклучен, српскиот ас и Вилијамс добија по една техничка грешка и драмата можеше да продолжи.
Lu Dort was ejected after appearing to trip Nikola Jokic on this play.
Nikola Jokic and Jaylin Williams both received technical fouls. pic.twitter.com/ZFyNHpigsM
— ESPN (@espn) February 28, 2026
Во поразениот тим, Џамал Мареј се истакна со 39 поени, додаде осум скока и шест асистенции. Никола Јокиќ запиша трипл-дабл со 23 поени, 17 скока и 14 асистенции, но имаше слаб процент на реализиација, Кристијан Браун додаде 22 поени.
Кај Оклахома, Шеј Гилџис-Александер постигна 36 поени, со 9 асистенции, Холмгрен додаде 15, Мекејн 14, Карусо 12.






