Агонијата на Тотенхем продолжи и во 31-то коло, во Премиер лигата. На дмашен терен, Тотенхем, забележа тежок пораз од директниот конкурент во борбата за опстанок, Нотингем Форест. „Шумарите“ во северен ондон славеа со 3:0.
Со победата, Форест го престигна Тотенхем на табелата и сега е на 16-то место со 32 бода, два повеќе од тимот на Тудор. Среќа за Тотенхем е што Вест Хем загуби од 2:0 против Астон Вила, па „чеканите“ останаа еден бод зад Тотенхем и се на местото што води кон Чемпионшип.
Иако Тотенхем ја имаше иницијативата на почетокот на натпреварот и создаде неколку шанси, вклучувајќи го и ударот во стативата во 16-та минута, гостите први поведоа. На крајот од првото полувреме, по корнерот на Неко Вилијамс, Игор Жесус со глава ја испрати топката во мрежата за 0:1.
Домашните можеа да израмнат во судиското продолжение од првото полувреме, но ударот на Матис Тел го сопре Мац Селс со помош на гредата. Во продолжението од акцијата, Кристијан Ромеро падна по дуелот со Вилијамс, но ВАР собата не сметаше дека има елементи за пенал.
Во продолжението, Форест ја презеде контролата. Откако голманот Гуљелмо Викарио направи одлична одбрана на почетокот од второто полувреме и го спречи Вилијамс да постигне гол го зголеми водството, гостите успеаја да постигнат втор гол во 62-та минута.
Хадсон-Одои лесно мина крај Педро Поро по левата страна и му асистираше на Гибс-Вајт, кој остана сам во шеснаесетникот и лесно постигна гол за 0:2. Конечниот резултат го постави Таиво во 87-та минута по додавањето од Вилијамс, со што ја потврди убедливата победа на својот тим.






