(Видео) „Тој Португалец ку..ин син“ – Жестоки навреди за Фиго на „Монжуик“

(Видео) „Тој Португалец ку..ин син“ – Жестоки навреди за Фиго на „Монжуик“

пред 12 часа

Дури и 25 години по трансферот, навивачите на Барселона не му простија на Луис Фиго што се пресели во Реал Мадрид.

Португалецот го почувствува тоа на своја кожа кога се појави меѓу навивачите на каталонскиот клуб, вчера на „Монжуик“.

Фиго го гледаше поразот на Барселона од ПСЖ во Лигата на шампионите во живо од ВИП ложата.

Парижаните покажаа зошто се шампиони на Европа, бидејќи направија пресврт и ја победија Барса и покрај фактот дека играа без своите тројца главни напаѓачи и капитенот Маркињос.

Кога навивачите разбраа дека Фиго е тука следуваш серија жестоки свиркања, а потоа целиот стадион му отпеа навредлива песна.

„Тој Португалец, ку..ин син“, беше пораката што одекнуваше од трибините на „Монжуик“.

Новинарката Лаја Сервело Хереро од местото на настанот изјави дека навредите биле „заглушувачки“ и дека се повторувале на секои пет минути.

Иако Фиго беше клучна фигура за Барселона во текот на петте години во кои имаше 249 настапи, тој ги шокора со преселбата во Реал Мадрид во јули 2000 година.

Тој трансфер се смета за најголемо предавство во историјата на фудбалот.

Во својот прв натпревар на „Камп Ноу“ како играч на Реал Мадрид во ноември 2002 година, тој доби сличен прием од домашните навивачи, при што еден навивач фрли свинска глава кон него.

Share
Scroll to Top