Турските фудбалери се пласираа во нокаут фазата на Европското првенство, откако во последното коло од групата Ф ја совладаа Чешка (2:1).
Натпреварот „беше“ решен во 20. минута кога Антонин Барак доби два брзи жолти картони и го заврши натпреварот.
Чесите се сами виновни што се доведоа во ситуација да бркаат победа со играч помалку, иако сигурно ќе има и такви кои ќе го обвинат Иштван Ковач .
И покрај предноста, Турците не постигнаа гол во првите 45 минути.
Од старт тргнаа во офанзива и веќе имаа резултат во 51. минута.
Неколку пати шутираа и беа блокирани, противничкиот голман одбрани, но не можеше кога топката стигна до Хакан Чалханоглу, кој ја смести топката во голот.
Чешка израмни преку Томаш Соучек со играч помалку во 65. минута.
Конечниот резултат го постави Ченк Тосун во четвртата минута од судиското надополнување.
Турција во нокаут фазата ќе игра против Австрија.