Фудбалерите на Јувентус убедливо го победија шампионот на Италија, Наполи со 3:0 (1:0), во дерби натпреварот од 22-то коло на Серија А. Во центарот на вниманието беа тренерите Антонио Конте и Лучано Спалети, играа против своите поранешни клубови.
„Старата дама“, го искористи фактот дека Наполи пристигна ослабен и оствари убедлив триумф. Шампионот на Италија за прв пат оваа сезона прими три гола во еден натпревар од Серија А.
Канаѓанецот Џонатан Давид ја најави победата во 22-та минута по асистенцијата од Мануел Локатели.
Во вторите 45 минути, уште два пати беше совладан Алекс Мерет, кој бранеше наместо повредениот Вања Милинковиќ Савиќ.
Во финишот на натпреварот, Јувентус постигна два гола, Вториот е дело на Кенан Јилдиз по додавање на Фабио Мирети, кој штотуку влезе во играта. А потоа и најубавиот гол на натпреварот, фантастичен удар на Филип Костиќ за конечни 3:0.
Kostic finds the back of the net! Juventus with a powerful strike!#JUVNAP #SerieA #Footballpic.twitter.com/gKrHrXcwcl
— goalpostX (@GoalpostX) January 25, 2026
Наполи сега има девет поени помалку на табелата од лидерот Интер и се чини дека полека го губат чекорот во шампионската трка.
Foto/






