Уругвај во трилер завршница успеа да ја победи Колумбија со 3:2 во 11.коло, во квалификациите за пласман на Светското првенство. Колумбијците изедначија во 96.минута, а пет минути подцна Угарте погоди за победа на Уругвај.
Колумбија поведе во 31. минута кога Кинтеро изведе слободен удар од левата страна и го изненади голманот Рочет за 0:1.
Уругвај успеа да направи пресврт во период од само три минути. Дејвинсон Санчез си постигна автогол во 57. минута, по центаршут од левата страна. Овој гол неодоливо потсетува на автоголот на Андреас Ескобар во 1994 година, кога стоперот на Колумбија во поразот од САД на идентичен начин ја погоди сопствената мрежа.
Три минути подоцна Агире по една убава акција од левото крило го прифати додавањето и од 12 метри погоди за 2:1.
Во судиското надополнување драмата доби епилог. Но, потоа имаше трилер завршница, Колумбија успеа да израмни во судиското надополнување, по еден карамбол пред голот на Уругвај, Мохика одигра со глава, а Гомез погоди за 2:2.
Сепак, тоа не беше крајот, Уругвај тргна од центарот на се или ништо, топката константно одеше кон голот на Колумбија, а во една таква ситуација Угарте налета на одбиена топка и ја закова во голот.
По завршеното 11. коло, Аргентина е лидер со 22 бода, Уругвај и Колумбија имаат по 19, Бразил 17…