Изабела Рајт (26) доживеа тежок пад за време на скијањето во спуст за Светскиот куп во Кортина д’Ампецо, Италија. Американката, која имаше стартен број 3, при влегување во кривината падна и удри во заштитната ограда. Останала да лежи додека пристигнала помош, а потоа со хеликоптер била пренесена во болница.
Трката продолжи по десет минути, а подолу е видеото од падот. Вкупно десет скијачи не ја завршија трката. Победата и припадна на Норвежанката Рагнхилд Мовинкел (1:33.50). Втора беше Американката Џеклин Вајлс (+0,35), а трета Италијанката Софија Гоџа (+0,44).
Да потсетиме, во петокот на истото место како Рајт падна и најдобрата скијачка во светот Микаела Шифрин. Американката која е убедливо лидер во Светското првенство стартуваше осма. По 20-ина секунди и скок на влезот во кривината изгуби контрола над скиите и заврши во заштитната ограда.