Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен славеше на Големата награда на Бразил, 20-та трка од овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Трикратниот светски шампион комплетираше двоен триумф на патеката „Интерлагос“, откако претходно славеше и во спринтот. Воедно, холандскиот возач ја постигна 17-та победа сезонава, со што дополнително го подобри неговиот рекорд и по 52-ри пат се најде на највисокото скалило на подиумот.
Најблиску до Ферстапен беше Ландо Норис во Мекларен, а на двајцата им се придружи и возачот на Астон Мартин Фернандо Алонсо откако ја доби епската борба со Серхио Перез. Двократниот светски шампион го победи Мексиканецот за 53 илјадитинки!
What an unbelievable finish 🤯#F1 #BrazilGP pic.twitter.com/lFIbkTi9rC
— Formula 1 (@F1) November 5, 2023
На „Интерлагос“ Холанѓанецот забележа рутинска победа во трка која имаше два старта, а клучниот детал се случи во седмиот и осмиот круг кога Норис му пријде, но не успеа да го нападне.
Покрај доминацијата на Ферстапен и неверојатната борба за третото место, трката во Сао Паоло ја одбележа и она што се случуваше пред и веднаш по стартот.
Уште пред почетокот имаше драма, бидејќи возачот на Ферари, Шарл Леклер излета од патеката поради проблеми со хидрауликата. За среќа тој застана зад заштитните огради и трката се одвиваше како што беше планирано, но голем инцидент се случи веќе во првиот свиок, возачот на Хас, Нико Хилкенберг, имаше контакт со Алекс Албон во Вилијамс, кој беше катапултиран право во оградата, а попат го закачи Данецот од Хас, Кевин Магнусен.
Потоа на патеката излезе безбедносно возило, така што директорот на трката многу брзо го подигна црвеното знаме, по што дојде до прекин кој траеше нешто помалку од половина час.
Покрај Албон и Магнусен, споменатата несреќа на стартот ги погоди и Даниел Рикиардо во болидот на Алфа Таури и возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, кој отпадна од конкуренцијата.
Целта ја минаа вкупно 14 возачи, од трката имаше изненадувачко повлекување за возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, кој долго време беше меѓу освојувачите на поени.
Британецот исто така беше жртва на стратегијата на неговиот тим кој не му дозволи да го помине Хамилтон да го престигне во раната фаза од трката кога тој имаше подобро темпо од неговиот тимски колега.
Битката меѓу Алонсо и Перез донесе возбуда на самата трка по драмата на стартот, а првите четири на крајот следеа од вториот возач на Астон Мартон, Ленс Строл. Карлос Саинц Јуниор во Ферари беше шести, пред Пиер Гасли од Алпино и Хамилтон.
Победниците на поени ги комплетираа возачот на Алфа Тазрија, Јуки Цунода и Естебан Окон во вториот болид на Алпина.
Следната трка во Формула 1 ќе биде премиерното Гран При на Лас Вегас, а е закажана за 18 ноември.